Пливањето на многу луѓе им е омилена летна активност. Рекреативното пливање по правило се поврзува со чувство на задоволство. Движењето во водата и пливањето им е интересно особено на децата. Бидејќи немаме контакт со подлогата во текот на пливањето се чувствуваме повеќе слободно во изведувањето на движењата.
Пливањето главно се доведува во врска со сонцето и морето, а во таа комбинација и кон вежбањето е развиен позитивен став. Јасно е дека ова телесна активност може да го намали нивото на стресот, а тоа е причината зошто ни одговара и зошто пливањето го избираме како летна рекреативна содржина.


Како пливањето влијае на телото и кои мускули ги развива?
Здравите личности со помош на пливањето можат да одработаат квалитетен тренинг, дури и кога се на одмор. Пливајќи ја движиме мускулатурата на целото тело. Независно од тоа која техника на пливање ја користиме, не можеме да изоставиме работата ма мускулите на горните и долните екстремитети и мускулатурата на трупот како успешно би се одржувале на површината и движеле во водата. Не треба во тренингот да вклучуваме цела низа на вежби за зацврстување на телото затоа што со пливањето веднаш ги ангажираме сите мускули. Личностите кои добро ги совладале техниките на пливањето и успеале без мака да препливаат неколку стотини метри, пливањето го претвораат во аеробен тренинг. Така со мала летна забава можат да истрошат насобраното поткожно масно ткиво. Значи, личности кои немаат здравствени проблеми, со редовното пливање можат да го зацврстат телото, да ослабат и да постигнат добра кондиција.


На што треба да внимавате?
Како и при секоја спортска активност и во текот на пливањето посебно внимание треба да се посвети кон техниката на изведување. Без оглед со која техника се служите (краул, градно, грбно, делфин), пливачките техники би требало да бидат на висок ниво. Со добра пливачка техника во работа се вклучуваат само оние мускули кои во одреден момент се потребни за изведувањето на движењата па се намалува трошењето на енергија. Така доаѓаме до фаза кога пливаме со леснотија, не остануваме на сред базен, езеро или море без кислород и енергија за продолжување и почнуваме да уживаме во пливањето.
Лошата пливачка техника не ограничува затоа што пливањето преставува голем напор. Би можеле да го споредиме со лошата техника на трчање. Како што после лошото трчање не болат колената па се откажуваме од таа активност, така и со лошото пливање трошиме премногу енергија и брзо почнуваме да пропаѓаме во водата.
Со погрешното изведување на движењата лесно настануваат и повредите или обновување на некои претходни.

SHARE