Двајца Македонци неповредени во здробено возило на автопат во Австрија

Двајца македонски државјани останаа речиси неповредени, и покрај целосно уништениот автомобил со кој вчеравечер завршија во заштитната ограда на автопат во Австрија.

Двајцата сопатници во возилото на возраст од 73 и 25 години беа префрлени од спасувачките екипи од Вартберг на контрола во болницата во Кирхдорф дер Кремс.

Несреќата се случила на „Пирнаутобан“ во правец кон Грац, кон излезот од автопатот кај Инцерсдорф.

Две противпожарни бригади, брза помош и полицијата беа на должност, а десната лента мораше да се затвори околу еден час на десеттиот километар меѓу тунелите еден и два.

Службите за одржување на автопатот, исто така, го обезбедиле местото на несреќата, бидејќи оградата била тешко оштетена.