Шкендија од вчера е во Молдавија, а Пелистер и Работнички дома се пред реванш средбите од првото коло во фудбалската Лига Европа. Според изразитата разлика создадена во првите 90 минути, во нашиот случај два пати позитивна, а еднаш негативна, се е доста извесно, но се е секако и можно. Тетовци во Кишињев против Дачија бранат 3-0 од првата средба, Битолчани се во невозможна мисија и ќе ги напаѓаат полските 0-4 што ги има Лех, а скопјани треба да имаат рутинска задача со Тре Пене особено што тимот од Сан Марино минатиот четврток беше совладан на негов терен. 1-0 за Работнички не се никаква гаранција за продор во следниот круг и затоа треба да се одигра, велат во составот на црвените.


Работнички од 19 часот во комплексот на ФФМ во Скопје го пречекува Тре Пене, а во другите наши настапи во Лига Европа, Шкендија од 16 часот гостува кај Дачија во Кишињев, а Пелистер од 17 часот во Струмица се среќава со Лех Познањ.