Бен Стилер и Кристин Тејлор се разведуваат по 17 години брак, а познатиот актер повеќе од една година се бори со ракот на простата. Веста ги шокираше нивните најблиски како и целокупната јавност.
Парот е заедо од 1999. година, а во брак се од 2000. и има две деца, ќерката Ела Оливија и синот Квилин Демпси.
Бен Стилер е еден од најпознатите американски комичари, а негови познати филмски хитови се Чувајќи ја верата, Зулендер, Портокалова земја, Запознај ги Фокерови, Ноќ во музејот, Мадагаскар, Срцекршачот, Тропска грмотевица и други.

SHARE