Девет години затвор за трезористот што ја ограби НЛБ банка

Трезористот Бобан Смилевски доби затворска казна од девет години и два месеца од Кривичниот суд во Скопје како првообвинет за милионскиот грабеж во НЛБ банка.
За истото дело, затајување и тешка кражба, неговиот брат Горан ќе издржува затворска казна од шест и пол години. Возачот Борис Мичевски ќе биде зад решетки пет години и два месеца за тешка кражба, а Мирослав Каевски доби двегодишна условна казна затвор за затајување.
Сите тројца се задолжени на банката да ѝ вратат 174,5 милиони денари во рок од една година по правосилноста на пресудат, а на Каевски му е одземен „голфот“ и нема да смее да оттуѓува и да дава под закуп недвижен имот.
Судот ја одвои постапката за уште четворица обвинети, кои го признаа делото.
Ова е епилогот од кражбата на 2,4 милиони швајцарски франци и на 645.000 евра од НЛБ банка. Парите и понатаму ги нема.
Адвокатот на одбраната, Драган Пешевски, најави жалба за пресудите, оценувајќи ги казните како превисоки.

Оставете коментар