На новата девојка на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез и оди одлично во последниот период, а тоа се совпаѓа со времето во кое се дружат со најдобриот фудбалер на светот.

22. годишната Шпанка која Роналдо прв пат ја виде во бутик на Гучи, брзо потоа прејде во Прада, а сега е дел од најголемата модна агенција во оваа земја Уно Моделс. Преубавата Родригез за шест месеци, од моментот кога за прв пат беше фатена во друштво на Кристијано, има драматичен скок во кариерата, а многумина тврдат дека ова е само почеток, што многу потсетува на претходната голема љубов на Роналдо, руската манекенка Ирина Шајк.

Во меѓувреме дел од фановите на Роналдо јавуваат дека Џорџина е можеби трудна, што ќе фрли сосема нова перспектива на врската.

SHARE