На теренот на центарот Петар Милошевски Македонија денеска загуби од Летонија со 2-1 и веднаш драстично ги намали шансите за првото место во групата 2 кое низ скопскиот турнир води на Евро шампионатот. Стрелец на головите за гостите беше Самоиловс во 42 и 56 минута, а ние само намаливме преку Митровски од пенал во 88 минута. В сабота играме со Унгарија.

Во исто време на турнир во Полска од ист карактер селекцијата до 17 години дожиеа дебакл од Ирска со 3-0 по што веднаш ги уништи шансите за деби на континенталните собири.

Нашиот национален фудбалски тим до 21 година в петок има меч со Русија во Скопје, но шансите за повторување на пласманот на ЕП на половина од натпреварите во групата се сведени на минимум бидејќи ние сме во серија од три порази додека водечките Србија и Русија веќе имаат голема предност од 12 односно 7 бодови.

SHARE