Депонијата „Дрисла“ казнета со 8.500 евра – гореле медицински отпад без мерка

Поради регистрирано пречекорување на дозволените граници за горење на медицинси отпад, поведена е прекршочна постапка и ограничување на работата на депонија „Дрисла“.

Како што информираше директорот на Државниот инспекторат за животна средина Мирослав Богдановски, казната за ова може да се движи до 25 илјади евра.

Сепак, прекршочната комисија донела спогодбена одлука депонијата да се казни со 8.500 евра, во Дризла“ имаат рок од 90 дена да постават филтри и да го решат проблемот, пренесе ТВ21.

Прашан дали во периодот од 90 дена ќе се гори медицински отпад во „Дрисла“, со оглед на енормната загаденост на воздухот во Скопската котлина Богдановски рече дека депонијата смее да гори само осум часа во денот, не во три смени како што било претходно, кога тоа го дозволуваат временските прилики.

Темата за функционирањето на „Дризла“ пред два месеци се најде во фокусот на интерес на јавноста по една јавно дадена изјава дека на депонијата можеби се согорувал радиоактивен отпад.

Оставете коментар