На списокот на десетте најсиромашни земји во Европа, Македонија се наоѓа пласирана помеѓу „побогатата“ Србија и посиромашната Албанија мерено според доходот по глава на жител.

На неславното прво место на најсиромашни е Молдова, една од поранешните советски републики со 2,9 милиони жители и со доход по глава на жител од 5.082 долари. Следат 42,5 милионската Украина со 8.230 долари, Косово население од 1.8 милиони и со приход „пер капита’ од 10.134 долари. Босна и Херцеговина има 3,5 милиони жители и Бруто национален приход (БДП) по човек од 11.647 долари.

Жителите на три милионска Албанија со 12,582 долари по глава се посиромашни од македонските граѓани кои имаат 14.631 долар на годишно ниво, покажуваат податоците за 2017 година.

Следат Србија со 7 милиони жители кои имаат приход од 15.828 долари, Црна Гора со своите 600.000 жители и 16.654 долари за секој од нив.

„Најбогати“ меѓу десетте најсиромашни во Европа се членките на ЕУ, Бугарија (7,2 милиони жители) со приход од 19.899 „пер капита“ и Романија (19,5 милиони) со 22.319 долари БДП по глава на жител.

 

Оставете коментар