„Она што нам ни се случува во изминативе три четири недели, а можеби и месец дена, е една жестока пропагандна обработка од страна на Грција, нејзината дипломатија и грчките медиуми, со една цел – да се создаде впечаток кај македонската јавност дека договор (за името) е постигнат и дека се во фаза некои последни финализирања на ситните детали“, вели универзитетскиот професор Тони Дескосски во изјава за телевизијата Канал 5.

За тоа дека станува збор за многу посериозна стратегија која нема за цел само промена на уставното име, за хашката пресуда во корист на Македонија, за идентитетските прашања, за тоа кој ја крши Времената спогодба, дали за Македонија се прифатливи додавките „Горна“, „Северна“, „Нова“…, погледнете ја целата изјава на Дескоски.