Атлетико Мадрид сака да го врати Диего Коста кој доби слобода од тренерот на Челзи, Антонио Конте да си бара нова средина. Бразилецот со шпански пасош долго беше поврзуван со заминување во Кина, но во моментов тие стории се запрени, а активирани се тие за одење на Коста во Милан или на Висенте Калдерон.

Тренерот Чоло Симеоне со задоволство би го примил назад напаѓачот кој, практично во Атлетико и блесна пред 4-5 години.

SHARE