Димитров: За името треба европски а не балкански пристап

Loading...

Министерот Димитров е против акцентирањето исклучиви позиции, според него потребен е поевропски приод во решение на името.

Доколку се акцентираат исклучиви позиции во јавноста, се намалуваат шансите на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, додавајќи оти е покорисно да се зборува за цели отколку за позиции.

– Сметам оти на тој начин ќе имаме поголеми шанси за вистински да се надмине разликата и да дојдеме до компромис кој ќе биде прифатен од граѓаните на двете страни, рече Димитров на заедничката прес-конференција со неговата хрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Димитров смета дека е пожелно Македонија и Грција меѓусебно да се натпреваруваат кој ќе покаже поевропски приод во овој билатерален спор во смисла на разбирање на другиот и вградување на европските вредности и принципи во процесот.