Димитрис Каменос: Нема да има решение за името!

Песимизам за постигнување договор со Македонија за нејзиното име изрази Димитрис Каменос, еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник на партијата Независни Грци.

„Така како што се одвиваат работите, нема многу можности. Нема да има решение. Тие луѓе не можат да ги променат нештата што ние ги сметаме за неопходни и што треба да се направат како ганарнција. Заев ни зборува за меѓународен договор, вели: ‘Ние нема да си го смениме јазикот, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само броевите на автомобилите ќе ги сменат“, изјави тој за грчката телевизија Скај.

Пратеникот го критикува македонскиот премиер Зоран Заев дека „во екот на сериозни преговори си дозволи хумористични изјави за промена на грчкиот Устав“ и бара од него да се изјасни за „турската провокација“ со воени бродови во близина на Кипар.

„Заев сака да влезе во Европа. Не сака ли да влезе? Во која Европа сака да влезе? Даде ли некаква изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели дека сака да влезе во Европска унија. Границата на неговата земја ќе биде на Европска унија, ќе сака ли утре тоа да биде поддржано од ЕУ и од Грција ли?“, прашува Димитрис Каменос, кој не е во роднински врски со лидерот на партијата и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.

 

2 Коментари

  1. The man deserves every bit of it. He is one o f the greatest friends of Macedonia. I take my hat for you great man. My regards!

  2. This man is one of the greatest friends of The Republic Of Macedonia. I take my hat for you Great Man. My regards!

Comments are closed.