Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека сега е вистинскиот момент кога земјите од Западен Балкан треба да се сплотени во заедничкото градење не европската перспектива со цел побрзо интегрирање во ЕУ на денешната Министерска конференција на Фондот за Западен Балкан во Сараево.

Димитров нагласил дека регионот е на добар пат и дека е тоа очигледно од јасната политичка волја, се вели во соопштението на МНР.

„Ако сакаме да го задржиме ова темпо, овој моментум и оваа детерминираност, мора да имаме стимул“ рекол Димитров и според него тоа е „политичка одлука за отпочнување на пристапни преговори во јуни.