Димитров: Сите освен Македонците сакаат да се Бугари

„Хрватите Бугари ли се?“ е насловот на колумна на контроверзниот бугарски историчар Божидар Димитров.

„Прво, кои се Хрватите по потекло? Тие самите нагласија дека немаат ништо заедничко со Словените. Ама имаат нешто заедничко, со… не паѓајте од столот, со Бугарите. Самото име на народот доаѓа од хан Кубрат – бугарски граничари, чие име се чита и како Кроат – во зависност од тоа како е транскрибирано на латиница. Хрватите и многу умешно ги замениле одредени зборови во нивниот литературен јазик, со таканаречени „македонски“ термини“, пишува Димитров во својата колумна за бугарски „Труд“.

SHARE

Comments are closed.