Димитров во Софија: Да гледаме кон иднината

Loading...

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, порача дека Македонија и Бугарија не може да ја сменат историјата, но можат заеднички да работат за подобра иднина.

-Ние не можеме да ја смениме историјата. Таа е важна. Сите сме горди. Можеме да работиме заедно за да имаме поубава иднина, рече Димитров во интервју за емисијата Панорама, на бугарската телевизија БНТ1.

Според него, важно е за историјата да разговараат историчарите, а работата на политичкото раководство е поврзано со сегашноста и иднината.

Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија го определи како напредок и раст во односите меѓу двете земји.

-Време е да и покажеме на Европа дека можеме да ги решаваме проблемите како Европејци, да ги отвориме вратите и да станеме поблиски, порача македонскиот министер за надворешни работи.