Димитров спикер на пролетната сесија на СЕ

Loading...

Шефот на дипломатијата Никола Димитров заедно со неговиот колега од Луксембург ќе биде говорник на пролетната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 23 до 27 април.

Теми на дебатата според најавата се битката против организираниот криминал преку конфискација, финансирање на терористичката група ИСИС и човековите права во контекст на хибридната војна.

Дел од членките бараат на дневен ред да бидат и други теми меѓу кои исламофобија и улогата на Путин врз анексијата на Крим.