Loading...

Додека преговорите за името меѓу се движат кон следната фаза, „Еуроњуз„ го анализира напредокот на грчкото претприемништво во Македонија,.

Во Гевгелија, град од 15.000 жители, работат 28 грчки бизниси, обезбедувајќи работни места за стотици вработени.

Повеќето жители зборуваат грчки, пишува „Еуроњуз“. Како на пример Илко Прокопиевиќ, кој поминал 18 години од работниот век во грчки фирми.

„Има други кои треба да разговараат за името. Ние си ја гледаме нашата работа”, вели тој и додава: „Се разбира, би било добро да најдат решение за прашањето за името, добро решение“.

Во град каде што основната плата не надминува 250 евра, политиката е најмалку интересна тема, пишува „Еуроњуз“..

Илко работи во грчка компанија за облека во која се вработени 300 лица.Таа беше преместена од Грција во 2004 година за да „преживее“.

Директорот, Јанис Киакос, вели дека би сакал неговиот бизнис да биде во Грција и да ги вработи сите овие вработени, но деловното опкружување во Грција не го поддржува тоа. И тој не гледа дека нешто се менува.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Даниела Арсовска објаснува дека во последните три години економските односи меѓу Македонија и Грција доживуват процут.

„Ние ги поддржуваме нашите односи во взаемна доверба и пријателство и тоа е добро за нас”, вели таа и појаснува дека дури и во “тешката” ера на Груевски, претприемништвото беше оставено настрана од политичката конфронтација меѓу двете земји.

Во 2017 година се одржа досега најуспешниот состанок на бизнисмени од двете страни на границата.

Повеќе од 30 бизниси веќе се започнати, главно во областа на земјоделските производи и градежништвото. Меѓу другото постигнат е и договор за замена на турската нафта со увозна од – Грција.

Економијата во Македонија постојано напредува во последниве години, но ова не успеа значително да ја намали невработеноста која е на ниво малку пониско од 30 проценти, пишува „Еуроњуз“. .