Оваа кајгана е многу богата и плени со мирисот на свежа пиперка и боите на пролетта.
За да ја приготвите оваа кајгана потребни ви се многу малку работи.

Состојки:

-младо кромитче и магдонос
-јајца
-свеж домат или шери домати,
-свежа пиперка,
-сирење и по избор

Подготовка:

Изматете ги со маталка или вилушка јајцата, додадете го издробеното сирење, исечканата пиперка и младиот кромид и магдоносот. Ставете да се пржи во тавче подмачкано со малку масло за готвење, а по желба можете да ја направите оваа кајгана и на путер.
Пред самиот крај, додајте ги ситно ичечканите домати и пржете уште многу кратко.

SHARE