Нема нешто поубаво во неделното утре од прекрасната традиционална тегнета пита со сирење.
Состојки:

-1 шоља зејтин
-1 лажиче шеќер
-1 лажиче сол
-1/2 коцка квасец
-200 гр сирење
-1 кг брашно

Подготовка:

Во брашното се става сол и шеќер и се мешаат, потоа во него се додава растопен квасец со малку вода и зејтинот, и по потреба се додава топла вода за да се замеси убаво тесто. Тестото треба да биде помеко.
Се дели на 6 парчиња.
Секое парче се расукува во големина на мал тањир и секоја кора се премачкува со зејтин.
На чаршав секоја кора поединечно се тегне. На растегнатата кора која што се попрскува со зејтин и се става изрендано сирење, по желба може да биде и праз со урда или мелено месо со кромид. Се витка како во ролат.
Секоја истегната кора се реди во подмачкано тавче како полжав почнувајќи од средината на тавчето кон надворечниот дел. Но исто така може да се направат и поединечно свиткани кори како полжав.
Се пече на 180 степени, околу 30 минути.

SHARE