Босна и Херцеговина е невозможна држава, но преживува поради големата интервенција на меѓународната заедница. Најдоброто нешто за Бошњаците е да се разделиме… изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Изјавата, како дел од интервјуто за РТС, следеше по заканата на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Беќир Изетбеговиќ, дека е подготвен и за војна доколку Република Српска распише референдум за отцепување.

Запрашан дали е подготвен за најлошото сценарио, Изетбеговиќ рече: „Значи, за војна? Да, сум.”

Милорад Додик

Но, Додик, вели дека Србите, го прифатија Дејтон и наметнаа решенија, но тие никогаш не сакаа да бидат во таа држава и дека Република Српска ги има сите елементи да функционира како држава бидејчи има територија, луѓе кои тоа го сакаат, извршна власт, добри регионални односи.

„Најдобро е Бошњаците е да се разделат. Монструмот БиХ не може да функционира“, рече Додик.

Но, тој смета дека е можно тоа да се спроведе и без војна.

Оставете коментар