Невремето и дождот што ја зафатија Шри Ланка во последните неколку денови донесоа катастрофални последици за островската земја поставена под Индискиот потконтинент. Тие предизвикаа поплави какви што не се забележани во последните 14 години, а овој дел од светот е постојано под силни врнежи.

До сега властите на Шри Ланка изброиле 202 мртви, а 96 лица се водат како изчезнати. Во исто време проблем претставува и можноста од зарази поради загинатите, истекот на отпадните води, уништувањето на стоката.

По дождот на многу места се појавиле и клизишта, па затоа 77 илјади луѓе се раселени, а 1500 домови се потполно уништени.

SHARE