Актуелниот боксерски шампион во WBC верзијата го разнесе Кубанецот Луис Ортиз во Њујорк и ја оствари 40 победа во ист број профи настапи. Донтеј Вајлдер се помачи, зошто Ортиз беше одличен во Берклеј центарот, но само до десеттата ринда кога падна за прв пораз во кариерата и за 39. нокаут на Вајлдер.

Тој веднаш по борбата го повика Британецот Ентони Џошуа, владетелот во три асоцијации во тешка категорија, на меч на векот и на разрешување на дилемата кој е најдобар боксер на светот.