Досие: Убиецот на Мартин Нешковски побегнал од КПД Идризово

Убиецот на Мартин Нешковски Игор Спасов вчера успеал да побегне од затворот Идризово по што во 02 часот по полноќ се вратил во затворот во алкохолизирана состојба.

Ова го тврди порталот dosie.com.mk кој објавува дека од непознати причини Спасов кој не ги исполнува условите бил префрлен од затвореното одделение во отвореното од каде што успеал да побегне.

Спасовжв беше осуден на 14,5 години затвор а во септември во затворот се ракуваше со премиерот Заев за што информираше владината прес служба.