Познатата водителка, актерка и писателка, Елен Деџенерис се разведува по 9 години брак од својата долгогодишна партнерка и официјална сопруга, Порша Де Роси. Недоразбирањата започнале одамна, и сега кулминирале, а се создадени првенствено од големите ангажмани на Елен. Тоа е официјаната верзија, но зад неа се кријат и нејзиното постојано конзумирање алкохол, отсуство од домот, непочитување на партнерката, и најмногу, одбивањето на мега популарната Деџенерис да има дете, што ја натерало Порша Де Роси да поденесе барање за развод.

Бракот на Елен Деџенерис и Порша Де Роси започна во 2008. година, период во кој мулти талентираната уметница создала богатство кое се проценува дека е вредно преку 360 милиони долари. Елен не сака да коментира ништо во јавноста за разводот и сака се да остане во тајност, но американските медиуми пишуваат дека Порша претендира на половина од споменатата сума, што ќе го направи овој лезбејски развод финансиски најтежок во историјата.

SHARE