До каде е истрагата со прободеното момче, прашува ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Loading...

„Четири дена поминаа, а Оливер Спасовски не ги повика на средба најблиските на момчето кое беше во критична состојба. Убиецот се уште се шета на слобода, исто како и убиецот на Мартин Јанушев. Илјадници криминалци се шетаат на слобода благодарение на амнестијата и неспособното раководство на полицијата. Граѓаните се чувствуваат се помалку безбедни и се повеќе исплашени’, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 1 март се случи немил настан кога на враќање од училиште на автобуската станицаво центарот на Скопје беше прободено 16 годишно момче со иницијали З.Т. На инцидентот му претходела вербална расправија во автобус со број 57 со неколку повозрасни момчиња кој му го побарале мобилниот телефон што тој го одбил по што бил прободен во пределот на стомакот.

На 3 ноември пред неговиот стан во населбата Аеродром во Скопје со неколку куршуми беше убиен 28 годишниот фудбалер Мартин Јанушев, но сторителот е во бегство.

„Безбедноста е сериозно нарушена. Ограбувањето на банки, менувачници, аптеки стана секојдневие, а МВР е немоќно и фокусирано на исполнување на партиските интереси на СДСМ.

Судот мора да ја врати својата моќ, да го гарантира владеењето на правото и да го санкционира незаконитото постапување. Со тоа ќе се врати довербата на граѓаните во судството“ се вели во партиското соопштение.