До таму е дојдено: Пратениците во Англија учеле како да разговараат меѓусебно

Loading...

Претседателот на парламентот Талат Џафери и триесетината пратеници и вработени во стручните служби во парламентот се вратија од тридневниот престој во Велика Британија, каде што во Вилтон Парк разговарале за подобрување на комуникацијата меѓу пратениците од различни партии во насока на изградба на ефикасен и независен парламент.

Претседателот на парламентот вели дека целта на конференцијата, организирана од Британската амбасад во Скопје и Вестминстер фондацијата, била пратениците од сите партии застапени во Собранието да се соберат на едно место, надвор од домашната јавност.

Македонија, според Џафери, долго време била во политичка криза, што создало затегнати односи меѓу партиите, а особено меѓу нивните претставници во парламентот. Целта е, вели Џафери, да се подобри меѓусебната комуникација меѓу пратеничките групи, за да се избегнат ситуации какви што имаше во минатото.