Познатата канадска пејачката, која во моментов е во Париз, секој ден ги одушевува, но, исто така и ги изненадува своите фанови со модни комбинации што досега не биле видени од неа. Промените на стилот на Селин Дион (49), се под водство на познатиот стилист Лав Роуч.
Додека некои фанови се одушевени со промените кај Селин, други веруваат дека стилистот “претерал”.


Пејачката на почетокот на минатата година, го изгуби својот сопруг Рене Анжелил кој почина од рак на грлото, а кратко време по таа битка од ист вид на канцер го загуби својот брат Даниел.
Селин се бореше со депресија неколку месеци, но подоцна реши да продолжи со својата светска турнеја. Иако беше видливо разочарана и изгуби тежина, а нејзините пријатели беа загрижени поради претераното консумирање алкохол и апчиња, со цел да заборави на тагата, Дион во последно време се чини вратена во живот и далеку посреќна.