„Ако Заев влезе во теренот на ВМРО-ДПМНЕ и почне да ги прифаќа барањата се да се врати Законот за јазици, да се дебатира во МАНУ и во други институции, тогаш Заев ќе ја изгуби довербата на Албанците, но никогаш нема да ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ“ смета Имер Селмани, поранешен министер, пратеник и градоначалник и кандидат за претседател на Македонија.

Во емисијата „360 степени“ на Алсат М, тој предлага дека СДСМ и ДУИ во наредните една недела или десет дена да го изгласаат Законот и даго затворат прашањето на употребата на јазиците пренесе Либертас.

Тој смета Заев треба да ѝ даде шанса на демократиајта, но не по цена секогаш да се прифаќаат барања и ултиматуми од опозицијата.

1 Коментар

Comments are closed.