ДУИ не го доби началникот на охридската полиција

СДСМ го одбил барањето на ДУИ која имала поддршка од Алијансата на Албанците, во Охрид за началник на МВР да биде поставен етнички Албанец.

Меѓу командните позиции во СВР Охрид и УВР Струга има неколку Албанци, Турци и Македонци муслимани но првиот човек на СВР Охрид под кого се полициските станици во Струга, Кичево и Дебар е Сашо Смилевски кој беше началник и во периодот додека Оливер Спасовски беше  министер во техничката влада на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за време на кризата.

Сите осум началници на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Битола се Македонци по националност а меѓу високите позиции особено во градовите со големо или доминантно албанско население има припадници на сите етнички заедници.

SHARE