Огромна дупка се појави на автопат во северна Германија која достигна 95 метри должина и 10 метри ширина, соопшти денеска Министерството за транспорт на провинцијата Мекленбург – Западна Померанија, пренесе ДПА.

Пропаѓањето е најверојатно предизвикано од мочуришното толо под трасата, но експерти се уште не се свесни зошто се појавила толку голема дупка.

Постојат претпоставки дека материјалите, користени при изградбата, не биле доволно цврсти, дека изведените работи биле прописно проверени или едноставно дека се направени погрешни пресметки.

Оставете коментар