ЕБРД: Македонија со втор најнизок раст годинава меѓу 37 земји

Со прогнозиран економски раст од 1,5 процент годинава, Македонија го дели второто место со Белорусија меѓу 37 земји во кои оперира Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во моментов.
Полош од Македонија меѓу државите од Северна Африка преку Источна Европа (плус Грција и Кипар) до средна Азија е само Азербејџан, единствен со негативен раст од 0,5 процент.
Малку подобра е прогнозата на ЕБРД за растот на македонската економија во 2018 година, за која се очекува позитива од 2,5 отсто, колку и за Кипар, Јордан и Либан, а зад нив се Азербејџан и Белорусија со по 2 проценти, како и Грција со 2,2.
Највисок раст во тековната година од 6,5 отсто меѓу 37. земји од Мароко до Монголија треба да има Таџикистин, а в година Узбекистан од 6,2 проценти.
Од европските држави на врвот е Романија и за годинава со 5,3 отсто, и за следната со 4,2.
Просечниот прогнозиран раст на државите „под капата“ на ЕБРД без Русија, со која ги прекина односите по конфликтот во Украина, за годинава е 3,3 проценти, а за идната 3,0.

Оставете коментар