Повеќето млади луѓе во најмалку десетина европски земји немаат чувство за никаква верска припадност, што е доказ за постепениот тренд на свртување на Европа кон постхристијанско општество, пишува британски „Гардијан“, повикувајќи се на податоци од истражување објавено во средата.

Истражувањето спроведено меѓу младите луѓе на возраст од 16 до 29 години во 21 европскa земјa покажа дека најнерелигиозна земја е Чешка Република, каде што 91 процент од испитаниците од таа возрасна група немааt верска припадност.

Исто така или слично одговориле и 70-80 проценти од младите луѓе во Естонија, Шведска и Холандија.

Повеќе од 50 проценти од младите во Велика Британија, Унгарија, Белгија, Франција, Финска, Данска, Норвешка и Шпанија се без верска припадност.

Од друга страна, најрелигиозна земја е Полска, каде што само 17 отсто од младите е без вера, а зад неа е Естонија со 25 отсто млади кои немаат верска припадност.

 

SHARE