Европратеникот Брок за име „со кое ќе биде јасно дека Солун не е дел од БЈРМ“

Германскиот европратеник Елмар Брок во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ се заложи за решение за прашањето за името на Република Македонија кое нема да остави простор за двосмисленост или за недоразбирање во однос на границата меѓу Грција и нејзиниот северен сосед.

На прашањето „дали сте оптимист во врска со европската перспектива на ПЈРМ? Како го гледате фактот дека Зоран Заев е подготвен да прифати решение кое содржи географска дефиниција за името? Од друга страна, дали Уставот на БЈРМ може да претставува закана за другите земји како Грција?“, Брок одговори:

„Мислам дека треба да биде можно да се најде име со кое ќе биде апсолутно јасно за кој дел од регионот станува збор. Треба да се разјасни дека регионот Македонија во Грција нема да биде вклучен и дека нема да има промени на границите на Грција. ПЈРМ мора да биде посветена, а тоа да се рефлектира и во името. Исто така, треба да биде јасно дека Солун не е дел од ПЈРМ. Не треба да има ни устав, ни што и да е друго што дава впечаток дека Северна Грција би можела да биде дел од друга држава“.

Елмар Брок (71) е претседател на групацијата Унија на европски федералисти (УЕФ) во Европски парламент, чиј член е од 1980 година. До февруари минатата година беше претседавач на Комитет за надворешни работи на Европски парламент.