„Европска Македонија“ е одлична варијанта за Атина

Новиот шеф на дипломатијата Никола Димитров е убеден дека и Грција има интерес за Европска Македонија. Тој наскоро патува во Атина на покана на неговиот грчки колега Никос Коѕиас, пред кого има намера да го претстави новото лице на Македонија, бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, пишува сдк.мк

„Работа на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвара врати и перспективи. Бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, сакам прво во Грција да го претставам новото лице на Република Македонија. Убеден сум дека имаме многу заеднички интереси. Убеден сум дека и Грција има интерес за европска Република Македонија“, изјавил Димитров за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

SHARE