Десет репрезентации вклучувајќи ја и нашата се постојано на завршниците од Европските машки ракометни шампионати во последните 6 години. Тоа говори дека за условно затворен круг, кој е стимулиран и од ЕХФ кој со жрепките за баражите во голема мера си ги штити своите најстандардни членки. Така од 2012 година наваму ЕП не пропуштиле Македонија, Франција, Хрватска, Шведска, Унгарија, Данска, Исланд, Србија, Норвешка и Шпанија.

Нашиот прв противник во Загреб, во рамки на групата Ц од ова издание Словенија направи пропусти два пати, во 1998 и во 2014 година, но секако, е во групата со најмногу настапи зад триото Хрватска, Франција и Шпанија кои се неизоставен дел од завршниците. Македонија, пак имаше еден настап во минатиот век, 1998 година, и потоа долга пауза, до собирот во Србија, по што врзавме 4 шампионати.

Оставете коментар