13 континентален машки ракометен собир денеска започнува со четири интересни средби во групите А и Б. Првата група игра во Сплит, а започнува со пресметки на Шведска и Исланд (18.15) и со мечот од висок ризик меѓу Хрватска и Србија (20.30). Вториот состав е сместен во Пореч, а за старт се предвидени натпреварите: Белорусија-Австрија (18.15) и репризата од ланското СП во кое беа Франција и Норвешка. Утре освен во нашата Ц конкуренција во која Германија и Црна Гора (17.15) ќе отворат, а ние од 19.30 во Загреб со Словенците ќе ја затвориме програмата, ќе се игра и во конкуренцијата Д која тргнува во Вараждин, а двојките се: Шпанија-Чешка и Данска-Унгарија.

Оставете коментар