Еден загинат во тежок судар со македонски автобус во Австрија

Еден загинат и двајца тешко повредени е билансот на тешката сообраќајна несреќа што се доцна синоќа во австриското гратче Шлирбах, 40 километри јужно од Линц, а во која се судрија македонски автобус со 28 патници и австриски автомобил.

Загина 25-годишно момче што седело на задното седиште од автомобилот марка „џип“, кој од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента од патот Б 138 и се судрил со автобусот од компанијата „Насир туризам“ од Гостивар, кој се движел на релација Хамбург – Охрид.

Сериозни повреди добиле 27-годишниот возач на смачканиот автомобил и возачот на автобусот, кои биле префрлени во болницата во Кирхдорф ан дер Кремс. Совозачот во џипот на возраст од 31 година останал неповреден, а еден од патниците од автобусот поминал со полесни повреди.

По укажаната помош на повредените, сите од македонскиот автобус околу 1 часот утрово го продолжиле патот кон Македонија со друг автобус на компанијата.

 

Оставете коментар