Единаесет полицајци добиле отказ за настаните од 27 април

Целиот кардон од 11 полицајци што го обезбедуваше Собранието на Република Македонија пред зградата за време на немилите настани од 27 април добил отказ.

Решенијата биле потпишани уште минатиот петок, а денеска им биле врачени на наведените припадници на Министерството за внатрешни работи.

На брифинг минатата недела министерот Оливер Спасовски соопшти дека суспендирани се 42 полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.

 

Оставете коментар