Мекиците се добро познати традиционални креации од тесто кои се обожавани на нашите простори. Еве еден рецепт за почеток на убав викенд.

Потребни состојки:

-10 гр – шеќер
-100 мл – масло
-1 кг – брашно
-1 квасец
-малку сол

Подготовка:

Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во подлабок сад се става и меси тестото, се додава 900 гр брашно и водата од чашата со квасецот.

Потоа тестото се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.

Од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.

Тајната е да се капне неколку капки ракија во тестото за мекиците да не примаат многу масло.

Најбитно е тестото да не биде ниту многу меко ниту многу тврдо.

 

SHARE