Loading...

Албанскиот портал InfoShqip вели дека дошол до информации добиени од сигурен извор во Грција, а со детали за договорот меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.

Во документот се наведува дека новото име ќе биде Република Нова Македонија, додека скратената верзија ќе биде Нова Македонија

Во документот, исто така, стојат и наводните решенија за прашањата за црквата, за јазикот и за идентитетот, информира InfoShqip.com

Во продолжение InfoShqip.com во целост го нуди документот на македонски, на англиски, на грчки и на албански јазик.

Име/name: Република Нова Македонија (мк-кир) – Republika Nova Makedonija (mk-lat) – Republic of New Macedonia (eng) – Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία (gr) – Dimokratia tis Nea Makedonia (gr-lat)

Скратено име/short name: Нова Македонија – Nova Makedonija (mk), New Macedonia (eng), Νέα Μακεδονία (gr).

Јазик/language: СОВРЕМЕН Македонски јазик – Sovremen Makedonski jazik (мк), MODERN Macedonian/Makedonski (eng), Σλαβομακεδονική γλώσσα – Slavomakedoniki glossa (gr).

Националност/Nationality (Државјанство): Македонско/ New Macedonian.

Црква/Church: Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија (мк), New Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbisphoric (eng), Ορθόδοξη Εκκλησία της Νέα Μακεδονίας – Αρχιεπισκοπή της Οχρίδας (gr).

Наредните две точки не треба да се предмет на преговори и договори, тие се производ на самоопределување на луѓето и колективите/these 2 issues should not be included in the contract:

Идентитет на македонскиот народ/Ethnic identity: Македонец/Македонка/Македонци (мк), Ethnic Macedonian/Ethnic Macedonians (eng), Σλαβομακεδόνες/Slavomakedones (gr).

Идентитет на Грците кои регионално се идентификуваат како Македонци/Identity of Greek Macedonians: Грчки македон/Грчки македони (мк), Greek Macedon/Greek Macedons (eng), Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones (gr).

InfoShqip.com напомнува дека документот не е официјален и оти за неговата оригиналност InfoShqip.com не носи одговорност. Документот, наводно, бил земен од грчки извори.