Екс министерот за здравство Димов раскажува за неговите „џелати“ (видео)

Министерот за здравство во владата на СДСМ до 2006 година Владо Димов за емисијата 360 на Алсат М раскажува за неговата животна приказна во текот на 11 години колку што се наоѓа надвор од земјата.

Тој минатата деценија работи во Бугарија и Турција а тврди дека „џелатите“ што го избркале од Македонија доаѓале да ги оперира во Истанбул и Софија. Тој зборува за министри, судии , обвинители, новинари…

Димов од страна на владата на ВМРО – ДПМНЕ се гонеше за криминал и давање дозвола за вработување на 18 лица во струмичката болница. Со овие вработувања го оштетил буџетот за 40 илјади евра, тврди Јавното обвинителство.

Тој не исклучува дека и двете главни политички партии во земјата се инволвирани во неговиот прогон.

SHARE