Екс премиер на распит во СЈО

Двајца од  осомничените во случајот „Талир“ кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година денеска даваат исказ во СЈО.

Претпладнево на распит во СЈО биле поранешниот премиер Емил Димитриев, како и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

По излегувањето од СЈО екс премиерот Димитриев изјави дека бил повикан во својство на осомничен и дека од обвинителите побарал да ги добие доказите за кои ќе има што да каже кога ќе ги добие и разгледал.

Останатите осомничени, денеска не се појавиле во СЈО затоа што според обвинителството имало неуредна достава на поканите а како следен рок за давање исказ се најавува понеделник.

Во истрагата осомничени се 11 лица,  меѓу нив и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата  се однесува и на главното седиште на партијата во Скопје изградена од страна на градежната фирма Бетон. Судот го одби барањето на СЈО за замрзнување на имот на ВМРО ДПМНЕ, вклучително и партиското седиште.

SHARE