Ексшефот на дипломатијата Милошоски го открива грчкиот предлог за името

Loading...

Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски открива какви предлози донел во Скопје грчкиот министер Нико Коѕијас.

Милошоски пишува дека за време на средбата со домаќинот Димитров, Коѕијас му предложил име Republika Gorna Makedonija, без англиски превод.

Во исто време, според Милошоски, Грција бара промена на Уставот и на пасошите.

Во пакетот на Коѕијас влегуваат и именувањата на јазикот и на националноста, кои, според Милошоски, треба да се именуваат како:

Language/nationality: of the Republika Gorna Makedonija.

Ексминистерот тврди дека Грција предлага македонскиот меѓународен код наместо MKD во иднина да биде RGM како кратенка од Republika Gorna Makedonija.

Милошоски како министер во 2010 година, заедно со актуелниот министер Димитров, беше агент на Македонија во тужбата против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.