ЕК и порача на Приштина: Уште два услови за визна либерализација

Генералниот директор на Европската комисија за проширување, Кристијан Даниелсон, на Приштина ѝ порача дека мора да исполни уште два услови за добивање визна либерализација – демаркација на границата со Црна Гора и борба против корупцијата и организираниот криминал.

По состанокот со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, Даниелсон истакна дека без исполнување на овие два услови „Косово не може да продолжи“.

Според него, „93 од 95 услови се исполнети“, пренесува Коха.

„Има уште две што треба да се исполнат: една е демаркацијата со Црна Гора, а другата е борбата против корупцијата“.

Има напредок во борбата против корупцијата, и ако овие два услови се исполнат, тогаш можеме да продолжиме понатаму. Ние ќе реагираме брзо“ рече тој.