ЕП: Нема влез во ЕУ без почитување на правата на хомосексуалците

Неделава европскиот парламент усвои три годишни извештаи за кандидатите и потенцијалните кандидати за членки на ЕУ во кои се анализирани правата на ЛГБТ заедницата во Македонија, Косово и Србија. Согласно ситуацијата  на терен од трите земји се бара подобрување на состојбата на овие маргинални групи во регионот.

Во врска со Македонија меѓу другото Европскиот Парламент потенцира дека е потребно приспособување на анти – дискриминациската заштита на земјата со европската легислатива во врска со дискриминацијата на основа на сексуална ориентација при вработување.

ЕП е загрижен и за нетолеранцијата, дискриминацијата и нападите против членови на ЛГБТ заедницата која што сеуште постои во Македонија.

Во извештајот за Косово ЕП ја поздравува политичката поддршка од високо политичко ниво за правата на ЛГБТ заедницата  и одржувањето на втората парада на гордоста во Приштина.

Во врска со Србија ЕП подвлекува дека иако постои антидискриминаторска рамка нема конзистентни напори за нејзина имплементација.

“Ги повикувам законодавците колеги во Скопје, Белград и Приштина да ги поздрават заедничките вредности за фер и еднаквост, да застанат зад ЛГБТ луѓето во своите земји и да овозможат овие луѓе да живеат без страв“, е пораката од Улрике Луначек европарламентарка и копретседател на интергрупата за ЛГБТ права и известувач за Косово.

Нема алтернатива за ова прашање, влезот во ЕУ побарува заштита на ЛГБТ заедницата законска и практична, вели германската европарламентарка.

 

Само еден ден по повикот од Брисел српскиот претседател Александар Вучиќ ја назначи Ана Брнабиќ, првата жена и првата јавно декларирана српска политичарка како лезбејка за нов српски премиер.

SHARE