Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, на средбата со турскиот Тајип Реџеп Ердоган, вчера побарал почитување на човековите права и на малцинствата во Турција и во Македонија(?!).

Ердоган, денес учествуваше на петочна молитва во џамија во градот Комотини во грчката област Тракија, каде околу 2.000 луѓе се собраа пред џамијата Кир Махал во Комотини, јавува „Катимерини“.

Грција не признава турско малцинство, туку само Грци со муслиманска вероисповест.

Грчки медиуми потсетуваат дека во градот биле преземени строги безбедносни мерки, патиштата биле блокирани, а над џамијата надгледувале хеликоптери на грчката полиција.

Обраќањето на Ердоган кон „турската заедница“ (но не и малцинство –н.з.) во Тракија, беше внимателно следено од страна на грчките власти поради наводната дискриминација против тоа малцинство, пренесуваат грчки медиуми, кое е едно меѓу нееколкуте спорни прашања што ги делат двете сојузници на НАТО и соседи.

На првиот ден од сториската посета на турски претседател на Грција, Ердоган го повтори својот повик за ревидирање на Договорот од Лозана од 1923 година кој ги постави границите на модерната Турција, и го отвори прашањето на за состојбта на етничките Турци кои живеат во Западна Тракија.

„Не можете да најдете дискриминација против турски државјани со грчко потекло во Турција, но во Западна Тракија, дури и да се пишува зборот „турски не е дозволено“, изјави турскиот претседател.

Изјавата доаѓа по или паралелно со изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој на средбата со турскиот колега, вчера побарал почитување на човековите права и на малцинствата во Турција и во Македонија(?!).

„Муслиманите во [Грција] Западна Тракија дури не им е дозволено да избираат свој муфтија од нивната заедница“, рече Ердоган, мислејќи на школувани лица кои го толкуваат исламскиот закон и даваат совети за муслиманските заедници.

Посетата на турскиот претседател Реџеп Ердоган на Грција- однапред прогласена како историска- требаше да биде чекор кон помирување меѓу двете земји. Но, старите конфликти повторно испливаа на површина, оцени „Дојче веле“.