Ердоган ќе ги бара ветените пари од ЕУ за сириските бегалци

Турција ќе го побара од Европската унија остатокот од ветените 3 милијарди евра за сириските бегалци кои се згрижени во Турција.

Претседателот Таип Реџеп Ердоган ќе го соопшти тоа на состанокот во Варна, Бугарија, следната недела, пренесува Ројтерс.

Говорејќи во Анкара денеска, Ердоган рече дека Турција добила само 850 милиони евра од договорената прва транша од средствата што ги ветила ЕУ за да им помогне на околу 3,5 милиони бегалци.

Уште 3 милијарди евра треба да бидат одобрени овој месец, потсети Ројтерс.