Loading...

Чешката скијачка и сноубордерка го освои вториот медал на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, но тоа по што ќе остане запаметена е што двете први места во нецели десет дена го освои во два различни спорта. Ледецка по триумфот во велеслаломот денеска славеше и во сноубородот и стана единствената мултимедалистка со такво остварување.

Дваесетитригодишната членка на Дукла Либерец беше непозната до овој собир, иако на скии е од две години, а на штица за сноуборд од пет. Нејзиниот тренер Џастин Рајдер минатата година изјави дека Естер е можеби најдобарата спортистка во светот што не беше сватено сериозно, но по овие две победи, кои се практични и први во историјата во два сосема различни спорта се покажува дека станува збор за неверојатно мултиталентирана девојка.

Естер е далеку од најбогатите со медали од Олимписките игри како Фелпс (28), Латинина (18), Нурми (12), Луис (11) или Бјорндален (13) и Дели (12), но тие имаат подиуми само од нивните спортови.