Делегација на Европската слободна алијанса  ја посети Бугарија за да ја испита состојбата на македонското малцинство во Бугарија.

ЕФА стои цврсто на уверувањето дека најголемото богатство на Европа е разновидноста на нејзините народи. Во Бугарија, разновидноста не се почитува, стои во соопштението на Европската слободна алијанса чии членови се ОМО Илинден од Бугарија и партијата „Виножито од Грција.

ЕФА и нивната членка ОМО Илинден Пирин постојано укажуваат и осудувуаат ситуацијата на Македонците во Бугарија, но без успех.

Сега,  за време на бугарското претседавање со ЕУ, време е бугарската влада да покаже дека се залага за трите столба на ЕУ: демократијата, владеењето на правото и човековите права.

10 години по пристапот до членство во ЕУ, Бугарија сé уште ги прекршува пресудите на ЕУ за малцинствата.

Малцинските права се човекови права – и основа на демократијата. Земјите-членки на ЕУ мора да ја признаат различноста на народите на Европа.

Еден од овие народи е македонскиот народ. ЕФА бара дијалог на оваа тема.

Непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија не може да биде одговор. ЕФА бара бугарските власти да ја почитуваат различноста и еднаквоста. Бараме од Бугарија да се придржува кон Договорите и да ги почитува одлуките на ЕКЧП.

Дијалогот би бил добар прв чекор и би покажал дека малцинските политики се гаранција за мирот и стабилноста., велат од ЕФА.

Добрососедските односи се исто така потребни за да се заштитат малцинствата на Балканот.

SHARE